Ферари ја преферира ексклузивноста пред масовното производство

Од:

Претседателот на „Ферари“, Лука ди Монтеѕемоло, изјави дека ќе го ограничи производството на автомобилот на оваа престижна марка на 7.000 парчиња годишно.

На овој начин, „Ферари“ повеќе ќе се фокусира на ексклузивноста на своите модели отколку на зголемувањето на производството и продажбата.

-Иако некои луѓе сметаат дека моето инсистирањее на ограничување на бројот на произведени автомобили може да му наштети на „Ферари“ јас мислам токму спротивно, вели Лула ди Монтеѕемоло.

На прашањето какви се шансите „Ферари“ во иднина да претстави СУВ модел или автомобил со четири врати, тој изјави дека вистинскиот одговор на тоа е „Масерати“ и неговата лимузина „Гибли“, односно најавениот кросовер „Леванте“.

Лука ди Монтеѕемоло изјави дека додека е тој на чело на компанијата, „Ферари“ нема да произведува автомобили на електричен погон.

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

A1on

Повеќе луксуз, повеќе перформанси: Светска премиера на новиот Porsche Cayenne

Ана Ололовска