Реализирани форуми за подигнување на јавната свест за долгорочен одржлив развој на Дојранското езеро

Од:

Форуми за подигнување на јавната свест за долгорочен одржлив развој на Дојранското Езеро реализираше ГАУС Институт – Фондација за нови технологии, иновации и трансфер на знаење во соработка со Македонското научно друштво – Битола и поддршка од Општина Дојран.

Еден од форумите имаше цел да ги активира граѓаните, деловните луѓе и институциите во градењето на нови бизнис модели со еколошки стандарди, како и развивање на стратегии, политики, програми, модели за одржлив социо-економски развој. Другиот форум беше наменет за децата и младите и имаше цел да ја развие еколошката култура, волонтерство и стекнување активни ставови и однесувања кон екосистемот на Дојранското Езеро.

Преку нив се потенцираше дека преземањето на лична акција и одговорност, проактивност за иницијативи и мониторинг на локаните институции, аплицирање на различни проекти, се начин подобрувањето на квалитетот на живот, зачувување на природните ресурси за идните генерации и промоција на регионот.

Сите поединци, граѓански здруженија и стопански субјекти во Општината беа поттикнати да учествуваат во процесот на креирање идеи, политики и акции. ГАУС Институтот претходно изработи студија за стратегиско предвидување и планирање за Дојранското Езеро. Во студијата беа дадени насоки и сценарија кои можат да ги очекуваат во наредните 20 години во регионот на Дојранското Езеро. Таквата можна слика им даде перспектива на учесниците во форумите дека само со нивно активирање можно е одржување на еко системот на Дојранското Езеро и одржлив развој на индустријата.

Со оглед дека целта на проектот е одржлив развој на регионот на Дојранското Езеро во наредните 20 години посебен акцент беше даден на работата со најмладите. Форуми во форма на само-мотивирачки игри беа одржани со деца од основните и средните училишта и млади до 30 години.

Проектот План Дојран е финансиран од Европската Унија и националните фондови на земјите учеснички. Имплементиран е во рамките на ИПА Програмата за погранична соработка Грција – Република Северна Македонија 2014-2020.

Би можело да ве интересира

Пуштен во функција хидросистемот Ѓавато

Спасен давеник од Дојранско езеро

Извлечено телото на давеникот од Дојранско Езеро

Маж се удави во Дојранското Езеро

Спасени три лица на Дојранско езеро: Бурата ги повлекла во чамецот далеку од брегот

A1on

Пронајдено телото на удавениот во Дојранско Езеро

Катерина Ѓуровски