Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска апелираше за примирје во Нагорно-Карабах.
Исклучително важно е да испратам јасна порака до сите страни, дека итно треба да престанат судирите, дека ние треба да ги поддржиме сите напори за изнаоѓање на мирно решение по пат на преговори, истакна Столтенберг за време на денешната посета на Турција.
Столтенберг ја повика и Анкара, како главен сојузник на Азербејџан „да го искористи влијанието за смирување на тензиите“ во Нагорно-Карабах.
– Очекувам Турција да го искористи своето влијание за да се намалат тензиите, посочи Столтенберг на прес-конференцијата со турскиот министер за надворешни работи, Мевљут Чавушоглу.
Шефот на турската дипломатија истакна дека НАТО исто така „треба да ја повика Ерменија да се повлече“ од Нагорно-Карабах и да се почитува „територијалната целост на Азербејџан“.
Чавушоглу ја обвини Ерменија за воени злосторства бидејќи напаѓа цивилни зони.
На средбата Столтенберг – Чавушоглу се разговарало и за тензиите во Источен Медитеран помеѓу Турција од еднастрана и Грција и Кипар од друга страна.