Во Кристијансанд пронајден мртов познат норвешки антиисламски десничар

Од:

Во својот дом во норвешкиот град Кристијансанд е пронајден мртов Дан-Аивинд Лид (48), член на антиисламската крајно десничарска група СИОН, јави норвешката телевизија НРК.

Претставникот на полицијата во Кристијансанд, Хенрик Буган Хегдал, соопшти дека Лид на телото имал повреди и дека полицијата почнала истрага за сомнение за убиство.

Еивинд Лид во август годинава учествуваше во палењето на Куранот од страна на десничарската група СИОН (Стоп на исламизацијата на Норвешка) во градот Берген, и е познат по својата огромна поддршка на лидерот на групата СИОН, Ларс Торсен.

Членовите на СИОН бараат забрана за исламот во Норвешка, нагласувајќи дека во таа земја нема место за ислам и дека копиите од Куранот треба да бидат целосно уништени.

Организацијата често организира антиисламски протести..

Исламот, инаку, е втората по големина религија во Норвешка. Во 2017 година во Норвешка, земја со околу 5,4 милиони жители, имаше околу 200.000 муслимани, од кои 148.000 како членови на организирани верски заедници. Повеќето муслимани во оваа земја имаат имигрантско потекло и потекнуваат од Пакистан, Ирак, Сомалија, Босна и Херцеговина, Иран, Турција …

Норвешка беше сцена на еден од најгрозоморните напади на десниот екстремизам во Европа во јули 2011 година, кога Андерс Беринг Брејвик уби 77 лица. Споменот за овој настан е се уште силен, а од друга страна, овој напад го зголеми товарот на одговорноста на норвешкото општество и политичарите кон малцинствата.

Би можело да ве интересира

Масовниот убиец Брејвик не е ментално болен, тврдат норвешките психолози и психијатри

Норвешка: Воз излета од шините, најмалку едно лице загина

Шок во кралското семејство: Синот на принцезата призна дека физички ја нападнал девојката

Предраг Петровиќ

Синот на норвешката принцеза заврши во притвор: Нападна жена, таа доби потрес на мозокот

Предраг Петровиќ

Шпанија, Ирска и Норвешка денеска официјално ќе ја признаат Палестина

Норвешка ги заостри ограничувањата за влез на руските граѓани