Нивото на Преспанското Езеро за 33 сантиметри под минимумот

Од:

Нивото на Преспанското Езеро го има надминато апсолутно измерениот минимум за 33 сантиметри, покажа контролата што ја направи екипа на хидролози од Управата за хидрометеоролошки работи.

Во денешниот извештај од УХРМ, се наведува дека при извршената контрола, нивото на езерото било на кота од 842.42 мнм.

Според денешните мерења, намален водостој е забележан и кај поголемиот дел од реките во државата. За 14 сантиметри под нивото е водостојот на реката Вардар кај Јегуновце, а намален водостој во однос на минатата недела има и кај реките Треска, Лепенец, Пчиња, Крива Река, Бабуна, Струмица и Црна Река.

Би можело да ве интересира

НАСА: Преспанското Езеро од 1984 до 2020 загуби седум отсто од површината

Горан Наумовски

ВИДЕО: Преспа – жедното езеро

Предраг Петровиќ

Преспанското Eзеро е пред умирање додекa СДС И ДУИ тонат во матни бизнис зделки

Зголемено нивото на реките, езерата во рамки на просекот за јуни

Тело на битолчанец е пронајдено во водите на Преспанското Езеро

Горан Наумовски

Зголемен водостојот на Преспанското Езеро

Ана Ололовска