Вонредна состојба од денеска во Чешка

Од:

Во Чешка од полноќ повторно стапи во сила вонредна состојба поради големиот пораст на заразени лица со Ковид-19.

Владата на премиерот Андреј Бабиш одлучи да прогласи вонредна сотојба, што значи повторно ограничување на собирите и поголеми казни за оние кои не ги почитуваат епидемиолошките мерки.

Вонредна состојба веќе беше воведена од средината на март до средината на мај, но овојпат границите ќе останат отворени.

Во земјата ќе бидат ограничени собирите во затворено на 10 луѓе, а на отворено максимум 20. Спортските натпревари ќе продолжат, но без публика. За компаниите, продавниците и рестораните ќе важат нови правила.

Новиот рекорден број на заразени лица е достигнат во петокот со 3.792 случаи.

Според Европскиот центар за контрола на болести, во Чешка на 100.000 жители се заразени просечно 303,3 во последните 14 дена.

Оваа земја со 10,7 милиони жители има вкупно 82.446 заразени и 727 починати лица од коронавирус.

Би можело да ве интересира

Маж зема воспитувачка како заложник, па и се закануваше со нож, драма во градинка во Чешка

Мигранти пронајдени во камион во Чешка, една жена почина

Маж со нож рани три лица на бензинска пумпа во Прага

Страшна несреќа во Чешка: Повредени се пет лица

(ВИДЕО) Судар на возови во Чешка: четворица мртви, десетици повредени

Катерина Ѓуровски

Чешкиот претседател имаше сообраќајка, пренесен е во болница