Македонски и јапонски уметници ќе го отворат „Скопско лето 2013“

Од:

Со Деветтата симфонија на Бетовен на 21 јуни во Македонската опера и балет свечено ќе биде отворено 34. издание на „Скопско лето“. Диригент на концертот ќе биде Шунго Моријама, а ќе настапат хористите и оркестарот од МОБ. Составот ќе биде надополнет со учество на хорски уметници од Јапонија.

Ова на денешната прес-конференција го соопшти Евица Тасевска од МОБ. Информира дека ќе настапат и двајца наши уметници, тенорот Ѓорѓи Цуцковски и мецосопранот Ирена Кавкалеска, како и сопранот Еми Хишики и баритонот Кеизуке Танака од Кјото.

Тасевска хорските уметници од Јапонија ги најави како експерти за изведба на Бетовен и Деветтата симфонија. Информира дека диригентот Моријама досега соработувал со уметнички ансамбли од Софија, на Балканот и во светот.

Мирко Стефановски од Дирекцијата за култура и уметност-Скопје како организатор на Меѓународната манифестација „Скопско лето“ информира дека на 25 јули во МОБ ќе настапи Кинескиот симфониски оркестар со 90 музичари.

Годинава културните настани ќе се одржуваат на повеќе од 20 локации. Ќе има изложби на фотографии, концерти, театарски претстави, музички настани, промоции на книги, кафе-кино. Предвидено е учествo на гости од соседството, од Европа и од повеќе континенти.

Новиот плакат на Скопско лето е ликовно решение на Виолета Коцев.

Би можело да ве интересира

Откажан перформансот „Во моите чевли”, во Сули ан перформанс на Михаил Парушев

Концерт на хорот „Фрида“ на Скопско лето

Драмски со претставата Фирма на Скопско лето

Директорката на Филхармонија е разрешена затоа што несовесно ракува со државна институција и со државни пари, вели министерката за култура

Горан Наумовски

44. издание на Скопско лето со преку 30 културни настани и богата програма ја одржува традицијата како еден од најдобрите фестивали за култура

Вработените во Филхармонија протестираа пред Владата