Министерот Џафери се сретна со хрватскиот амбасадор Крамариќ

Од:

Министерот за одбрана на Република Македонија, Талат Џафери денеска оствари средба со амбасадорот на Република Хрватска во Република Македонија Златко Крамариќ, при што беше потврдена одличната соработка во областа на одбраната и безбедноста помеѓу двете земји.

На средбата министерот Џафери изрази задоволство од досегашното ниво на соработка на билатерално и регионално ниво со Хрватска, истовремено споменувајќи го заедничкото учество во мисијата ИСАФ, како еден од примерите и начините на кои треба да соработуваат земијите од регионот. Воедно, Џафери изрази и благодарност за континуираната поддршка од Хрватска за напорите на Република Македонија за интеграција во евроатлантските структури, НАТО и ЕУ.

Хрватскиот амбасадор, Крамариќ посочил дека поддршката за интегрирање на Република Македонија во НАТО и ЕУ, со несмален интензитет, ќе продолжи и во иднина.

Република Македонија и Република Хрватска својата соработка ја темелат на Спогодбата за билатерална соработка од 2000 година. Досега таа се реализирала на повеќе полиња меѓу кои и едукацијата и обуката на кадри, потоа соработката во рамки на Јадранската повелба и во рамки на регионалните иницијативи и центри.

ФОТО: МИА

Би можело да ве интересира

Сиљановска-Давкова: Современата одбрана мора да ги предвидува заканите, а не само да реагира на нив

Левица: 34 години македонска армија – со преку 4% од БДП за одбрана до најслаба војска во регионот

34 години македонска армија

Почесна артилериска стрелба во пресрет на одбележувањето 34 години од македонската Армија

А1он

Русија распореди три „прстени“ за воздушна одбрана за да ја заштити Москва

Нова опрема за Армијата обезбедена преку Европскиот мировен фонд