Во Чешка повторно е откриено непријавено коњско месо, во состав дури 87 проценти во декларирано говедско месо кое потекнува од Летонија, информираше Државната ветеринарна инспекција.
Според достапните информации, се претпоставува дека во земјата се увезени 144 конзерви со фалсификувано говедско месо, јави дописникот на МИА од Прага.
Во Чешка, од јануари 2011 година беа откриени неколку различни производи кои наместо декларираното говедско месо содржеле коњско месо.
Според надлежните, неговата консумација не е штетна за здравјето за луѓето, но сепак се работи за прекршок бидејќи не е наведено како состав во официјалната декларација.