СДСМ: Губитникот Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ треба да знаат дека сите ќе одговараат, правдата е тука!

Од:

„Христијан Мицкоски и неговите малкумина приврзаници вечерва докажаа дека стојат цврсто на страната на неправдата и на криминалот на режимот.

Во уште еден очаен обид да си ја задржи фотелјата во белиот дворец, Мицкоски денеска на срамен начин, насилниците од 27 април кои се обидоа да убиваат пратеници, новинари и вработени во Собранието, ги претстават како херои“, се вели во реакцијата на СДСМ на обраќањето на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот протест.

„Говорот на раб на плач на губитникот Мицкоски е кукање за своите порази и грешки. Тој не може да ја оствари единствената задача која му е дадена од Будимпешта – да ги спаси криминалците во сопствените редови.

Очајно Мицкоски се заканува кон судството и обвинителство, со деструкцијата. Не треба да се чуди зошто е таму каде што е, казнет од граѓаните. Осамен и изолиран во опозиција, чекајќи ги инструкциите од Будимпешта, опркужен со малкумина следбеници од кои повеќето секојдневно се по судови.

Губитникот Мицкоски треба да знае дека нема да успее, сите ќе одговараат, правдата е тука и секој што го прекршил законот ќе одговара пред судовите и пред граѓаните“, се вели во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“