За десеттина дена прскање против комарци во Охрид

Од:

Прскањето против комарци на територијата на општина Охрид ќе биде спроведено за десеттина дена, откако ќе бидат завршени и формалностите околу изборот на фирмата што ќе ги за предвидените активности на терен.

Од Центарот за јавно здравје во Охрид потврдија дека дезинсекцијата против комарци веќе е одобрена од локалните власти, а само останува да биде избрана фирмата што ќе го спроведе прскањето.

Во истиот период превентивно ќе се спроведува и дератизација на канализациските одводи, како заштита на населението од евентуални појави на зарази. За точниот датум на прскањето против комарци населението ќе биде благовремено известено, што е особено важно за пчеларите кои ќе треба да преземат соодветни активности за заштита на своите пчелни семејства.

Би можело да ве интересира

Лишен од слобода 49-годишник од Охрид, при претрес пронајдени дрога и пари

Скопјанка прегазена на улица во Охрид

А1он

Од 12 октомври „Безбеден град“ во Охрид, Дебар, Кичево и Струга

Земјотрес почувствуван утрово во Охрид и околината

Горан Наумовски

Несреќа кај Охрид: Возач загина откако со автомобил удри во кучиња и се запали

Горан Наумовски

Царина: Контролите даваат ефект, евидентирана зголемена наплата на давачки за пловила внесени со привремен увоз

Предраг Петровиќ