Адебајо е подготвен да се врати во третиот дуел, верува во пресврт

Од:

Центарот на Мајами Хит Бам Адебајо планира да се врати во составот за клучниот натпревар од последната серија бр.3 против Лос Анџелес Лејкерс.

Синоќа „езерата“ го искористија отсуството на кошаркарот висок 206 сантиметри и доминираа во противничкиот рекет. Бам мораше да го пропушти вториот натпревар поради истегнување во пределот на вратот.

– Да, верувам дека ќе бидам во ротација. Се чувствувам подобро и навистина верувам дека ќе можам да играм. Мора да играме со одредена доза на очај и да влегуваме во натпреварите со многу енергија. Уверен сум дека можеме да ја свртиме серијата“, рече 23-годишниот центар на „жешките“.

Адебајо може да се врати, но ситуацијата со Горан Драгиќ е многу посериозна. Словенецот искина тетива во стапалото, а единствениот начин да се појави на паркетот за следните натпревари е да игра на инјекции.

Натпреварот бр.3 помеѓу Хит и Лејкерс е во недела навечер во 02:30 по македонско време.

Би можело да ве интересира

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on

НБА: Денвер ја победи Минесота и израмни на 2:2 во полуфиналната серија на Западот

Познати се тројцата полуфиналисти на Истокот во плејофот во НБА лигата

А1он