Меркел: ЕУ ќе ги штити интересите на Кипар и Грција, но сака конструктивни врски со Турција

Од:

Лидерите на земјите-членки на Европска Унија на Самитот во Брисел, по долги и тешки разговори, се согласија дека сакаат конструктивни врски со Турција, но во исто време ќе ги штитат правата на земјите-членки – Кипар и Грција во Источниот Медитеран, изјави денеска германската канцеларка Ангела Меркел.

Договорот за заеднички пристап на ЕУ кон турското истражување на енергенси во Медитеранот го задоволува клучното барање на Кипар, кој поради прашањето со Турција го блокираше воведувањето на санкции кон политичките лидери на Белорусија.

– Тоа што сега можеме да се договориме за тие санкции е значителен сигнал, бидејќи ги зајакнува тие кои протестираат поради слободата на мислење во Белорусија, истакна Меркел.

Би можело да ве интересира

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Ердоган: Турција ги прекина односите со Израел

Вучиќ: ЕУ треба да ја промени стратегијата кон Западен Балкан, но и кон Србија