СДСМ: Власта глуми дека сака фер и демократски избори

Од:

СДСМ реагира на, како што велат театарскиот парава, кој власта го прави со измените на изборните правила.

Во Министерството за правда беше формирана работна група заради усогласување на измени на Изборниот законик со кои ќе се имплементираат препораките на ОБСЕ/ОДИХР.

„За жал, после месец и пол работа на работната група, Министерството за правда понуди текст кој ги игнорира препораките на ОБСЕ/ОДИХР. Тоа наведува на заклучокот дека всушност, работата на работната група била фарса, обичен театарски параван, чија цел била фингирање на процес на усогласување, а всушност кај Владата отсуствувала вистинска волја за создавање рамка за фер, демократски изборен процес“, изјави Рената Тренеска Дескоска.

Потсети на некои од најзначајните препораки, кои не добија никаков, односно соодветен одговор од Министерството за правда: Одвојување на вршењето на државната од партиската функција, обезбедување на еднакво избирачко право на избирачите во земјата и на избирачите од дијаспората, фер и недискриминаторски правила за финансирање на изборната кампања, преку воедначување на максималните износи за донации, законско регулирање на правилата за медиумско претставување за време на изборната кампања, гарантирање на правото на ефикасни правни лекови за обезбедување на фер изборен процес,п очитување на тајноста на гласот и многу други.

„Само на тој начин, а не со фингирање на измени, Владата може да покаже дека има волја да создаде соодветна правна рамка за спроведување на слободни и фер избори во Република Македонија. Согласно меѓународните стандарди и препораки, изборните правила треба да се носат и менуваат со согласност на релевантните опозициони партии. Само изборни правила кои се консензуално прифатени од релевантните политички актери создаваат нормативни претпоставки за фер, слободни и демократски избори. СДСМ нема да влезе во било какво сценарио во кое брзината ќе биде поважна од суштината на измените на изборното законодавство“, велат од СДСМ.

 

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: СДС да не глуми загриженост за културата – тие ја претворија во партиска каса и платформа за криминал

Предраг Петровиќ

СДСМ: Не вреди извинувањето на Љутков, Владата намерно ги понижува културните работници

Предраг Петровиќ

СДСМ: Бесмислена и нефункционална е мерката на Владата за објавување на цените

А1он

СДСМ: Истрагата за Кочани е селективна, се штитат директно одговорните за трагедијата

А1он

ВМРО-ДПМНE: Филипче, Заев и СДС да одговорат како се стига до златна виза во Дубаи

А1он

СДСМ: На Велиген власта остави работници од повеќе институции без плата

Катерина Ѓуровски