Циклонот Махасен го зафати крајбрежјето на Бангладеш

Од:

Циклонот Махасен го зафати крајбрежјето на Бангладеш во реонот на областа Патуахали, на околу 150 километри јужно од главниот град Дака, од каде првично се евакуирани стотици илјади жители.

Веќе има информации за едно загинато лице, пренесоа француските медиуми. Според метеоролошката служба, циклонот не е многу моќен и нема собрано дополнителна сила, пред да стигне до брегот. Неговиот центар се уште е во Бенгалскиот залив и се очекува кон средината на денот да стигне до вториот по големина град Читагонг.

Гувернерот на провинцијата Нурул Амин соопшти дека едно лице се удавило во езеро, откако поројните дождови ги зафатиле засегнатите реони.

Приближно 800.000 лица ноќта ја минаа во 2.000 засолништа, главно во училишта. Бангладеш и Мјанмар веќе неколку дена се подготвуваат за пристигнувањето на циклонот Махасен.

Според ОН над осум милиони лица може да бидат зафатени од циклонот во реоните долж границата меѓу двете земји.

Би можело да ве интересира

Извлечени завеани пет малолетни и едно возрасно лице од село Рајчани

3,5 милиони евра за снегот и мразот по улиците, но сумата допрва ќе расте

ВИДЕО: Снежно невреме ја парализираше Велика Британија, откажани летови и во Германија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Снежна бура во САД, издадено предупредување за над 60 милиони луѓе

(ВИДЕО) Силно невреме во САД, има мртви и повредени

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Снегот го блокира Балканот: 10 часа семејства со деца биле заглавени во Босна

Катерина Ѓуровски