Коалицијата на сириската опозиција ја поздрави резолуцијата, што вчера ја усвои Генералното собрание на Обединетите нации, со која се осудува ескалацијата на нападите во Сирија, извршувани од режимот на претседателот Башар ал Асад.
– Сириската опозиција го поздравува галасањето во Генералното собрание на ОН, што преставува јасна порака за режимот на Башар ал Асад да прекине со репресијата на бунтот, се наведува во соопштението на опозицијата.
Коалицијата на сириската опозиција ги повика сите пријатели на сирискиот народ да ги зголемат напорите за обезбедување на демократска транзиција на власта во Сирија и да извршат притисок врз режимот да дозволи доставување хуманитарна помош.
Опозицијата исто така побара гаранција дека извршителите на воени злостортва ќе бидат изведени пред лицето на правдата.
Резолуцијата, изготвена од Саудиска Арабија и Катар, со поддршка на Западот ја поддржаа 107 земји-членки. Дванаесет, меѓукои и Русија гласаа „против“, а 59 беа воздржани.
Генералното собрание на Обединетите нации со резолуција за Сирија го осуди режимот на Асад и ја призна опозицијата како страна, која има важна улога во политичката транзиција.