Петров: Граѓаните се жалат на закани, но креваат глас

Од:

Досега со проектот „Работно лето“, под мотото „Крени глас за иднината“ ги посетвиме Струмица, Велес, Куманово, Штип и Прилеп. Остваривме преку 200 средби во околните општини на овие градови, околните села и заедно со митинзите кои ги правиме по градовите, досега се сретнавме со преку 100 илјади граѓани.

Иако граѓаните во најголем дел се жалат на притисоци, заканувања и уцени, имаме одличен прием од граѓаните, имаме одлични предлози и решенија и затоа слободно можеме да констатираме дека Македонија навистина крева глас.

„Работното лето“ продолжува и нема да запре додека не ги посетиме сите населени места и додека не се сретнеме со сите оние кои се охрабрени и кои се спремни да го кренат својот глас, изјави генералниот секретар на СДСМ, Андреј Петров.

Викендов кој претстои, раководство на партијата се сели во Крива Паланка и паланечко, каде целиот викенд ќе го помине работно, остварувајќи преку 40 средби со граѓани.

Раководството, вели Петров, ќе преноќи кај нашите активисти и подржувачи во Крива Паланка, а во недела ќе се оджи г промотивно – протестен собир, на кој ќе се промовира , кандидатот за градоначалник на Крива Палнка д-р Горан Младеновски.

„ Иако граѓаните во најголем дел се жалат на притисоци, заканувања и уцени, имаме одличен прием од граѓаните, имаме одлични предлози и решенија и затоа слободно можеме да констатираме дека Македонија навистина крева глас“, вели Петров.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Краците на Орбан и Вучиќ коишто водат до Мицкоски ќе се демонтираат

(ВИДЕО) Кузмановска: ВМРО удри и по студентите, се намалуваат стипендиите, поскапува сместувањето во студентските домови

СДСМ: Владата бега од европските стандарди и реформите

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче продолжува со политиките на отстапки кон Бугарија

СДСМ: Мицкоски раскажува бајки – Македонија е шеста најсиромашна земја во Европа

Фрчкоски: 93 тендери вредни 18 милиони евра за Мастеф – омилената фирма на власта

А1он