Битиќи пред бизнис заедницата од Кисела Вода ги претстави новите економски мерки

Од:

Вчера градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски, заменикот на Претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, и претседателот на Советот на стопанственици од Кисела Вода, Борис Хрисафов, кој е главен извршен директор на Цементарница УСЈЕ АД, на шесттата седница на Советот на стопанственици со бизнис заедницата од општина Кисела Вода дискутираа на теми кои можат да го подобрат нејзиното работење.

Заменикот на Претседателот на Владата, Фатмир Битиќи информираше за актуелната економска состојба во државата, за преземените мерки од страна на Владата, кои имаат за цел подобрување на бизнис климата. Битиќи детално информираше за новите пакет економски мерки за ревитализација на економијата во услови на пандемија, за пакетот економски мерки кои се резултат на она што бизнис заедницата го истакнува како своја потреба. Во своето излагање, заменикот на Претседателот на Владата, посебно се задржа на поволните кредитни линии кои Владата ги обезбедува, како и на олеснување на процедурите до истите, наведувајќи го примерот за нова кредитна линија наменета за стопанството, а обезбедена од Владата преку Европската банка за обнова и развој.

На состанокот, претставниците на бизнис секторот на нивните прашања ги добија сите потребни одговори, а имаа и можност пред заменикот на Претседателот на Владата, Фатмир Битиќи да даваат предлози за ублажување на економските последици кои се настанати поради пандемијата со вирусот Ковид 19.

Општина Кисела Вода и во иднина ќе продолжи да соработува со бизнис заедницата, и воедно и благодари за опшествената одговорност, која досега ја има покажано во општината.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Регионалната иницијатива „Отворен Балкан“ е платформа за поврзување на регионот со светот

Жителите на улица Народни Херои на протест – блокада на булеварот Борис Трајковски

Горан Наумовски

MINT Fintech Group ја поддржа eCommerce конференцијата 2024 како бронзен партнер

АД МЕПСО ги прекинува сите видови на донации и спонзорства до крајот на оваа година

Матарела повика на отстранување на бариерите кои го попречуваат влезот на италијанските производи на кинескиот пазар

Предраг Петровиќ

Победата на Доналд Трамп на американските избори го зајакна доларот во однос на еврото