Трамп го прекинал Бајден најмалку 128 пати за 90 минути за време на нивната прва дебата

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп го прекинал кандидатот за претседател од Демократската партија Џо Бајден најмалку 128 пати за 90 минути за време на нивната прва дебата во вторникот вечерта, пренесува онлајн магазинот Слејт. Само во еден случај Трамп го прекинувал Бајден 10 пати, додека кандидатот на демократите одговори на едно прашање.

Модераторот од Фокс Њуз, Крис Валас, постојано мораше да го моли американскиот лидер да престане да го прекинува Бајден.

За споредба, Трамп ја прекина Хилари Клинтон за време на нивната прва дебата во 2016 година 51 пат.

Бајден го прекинуваше американскиот претседател десетици пати, но во повеќето случаи или за да ги исправи лагите или со еден збор. Валас побарал од претседателот најмалку 25 пати да престане да прекинува и да ги следи правилата.

На крајот, модераторот успеа да обезбеди подеднакво време за говор и за двајцата кандидати. Според Си-Ен-Ен, поранешниот потпретседател зборувал 38 минути, а Трамп 39 минути.

Слејт забележува дека шефот на државата поставил личен рекорд – 128 пати за 90 минути.

Би можело да ве интересира

Бајден е под голем притисок за продажбата на оржје на Израел, 90 демократи му напишаа писмо

Катерина Ѓуровски

Трамп: Апсењето на студенти во Њујорк „беше убаво за гледање“

Трамп ги коментираше сведоците за време на судењето, па беше казнет со 9.000 долари

Трамп: Нетанјаху сигурно знаел дека ќе има напад на 7 октомври

Бајден на историски најниско ниво со поддршка од 38,7 отсто

Аризона: 18 соработници на Трамп обвинети за обид за промена на изборните резултати