Батлер за поразот од Лејкерс: Повредите не се оправдување за нашата игра

Од:

Кошаркарот на Мајами хит, Џими Батлер, го коментираше поразот од Лејкерс (98:116) во првиот натпревар од финалната серија од плејофот во НБА.

Повредите не се оправдување за нашата игра. Разговаравме за тоа како треба да играме скоро совршено, но всушност, не бевме ни блиску до тоа, изјави Батлер.

Во текот на натпреварот со Лејкерс, Хит го загуби плејмејкерот Горан Драгиќ и центарот Бам Адебајо, а самиот Батлер ја заврши средбата со повреда на скочниот зглоб.

Вториот меч е закажан за ноќта петок кон сабота (почеток 3 часот).

Би можело да ве интересира

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on

НБА: Денвер ја победи Минесота и израмни на 2:2 во полуфиналната серија на Западот

Познати се тројцата полуфиналисти на Истокот во плејофот во НБА лигата

А1он