Министерот за здравство Венко Филипче преку својот ФБ профил ги повика сите излекувани пациенти од Ковид-19 кои ги исполнуваат условите за дарување да се јават во Институтот за трансфузиона медицина.
Елионка Андонова и Милан Коцев од Штип се двајца излекувани пациенти од ковид-19 кои даруваа крвна плазма. ? Со нивниот…
Posted by Венко Филипче on Среда, 30 септември 2020
– Да ја покажеме нашата човечност, да спасиме човечки живот, напиша Филипче.
Тој објави и линк за тоа кој и како може да дарува конвалесцентна плазма.