Путин и Макрон повикаа за прекин на судирите во Нагорно Карабах

Од:

Претседателите на Русија и на Франција, Владимир Путин и Емануел Макрон разговараа за ескалацијата на конфликтот во спорниот регион Нагорно Карабах и ги повикаа завојуваните страни да се воздржат од насилство што е можно повеќе и да ги запрат непријателствата што е можно побрзо, соопшти Кремљ.

Во разговор инициран од француска страна, лидерите детално разговараа за значително влошување на состојбата во зоната на конфликтот во Нагорно Карабах. Се изрази сериозна загриженост поради континуираните големи борбени дејствија, се вели во соопштението.

„Путин и Макрон ги повикаа завојуваните страни да применат итен и целосен прекин на огнот, да ги намалат тензиите и да покажат максимална воздржаност“, соопшти Кремљ.

Тие се согласија дека нема алтернатива за решавање на кризата со политички и дипломатски средства.

Би можело да ве интересира

Американец кој се борел како платеник за Украина е осуден на 6 години затвор

Пратениците на Левица остварија средба во Собранието со рускиот амбасадор Баздникин

(ВИДЕО) Блиска средба: Ф-16 испратен да пресретне руски Су-35 на Алјаска

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски