Интернационалниот видео проект „Револуција во живо“ на режисерката Теа Беговска вечер, во 20.15 часот, ќе има онлајн премиера на платформата YouTube.
Во проектот се вклучени актери од пет држави: Босна и Херцеговина, Северна Македонија, Франција, Мексико и Турција. Во проектот исто така учествуваат и други актери, музичари и уметници од сите пет држави.
Играат: Дина Мушановиќ, Томе Станковски, Пјер Мениер, Џорџ Ангелс, Зејнеп Нутку и Рујиш Беговска.
Актерите се исто така автори на видеата во кои зборуваат на пет теми: љубов, верба, надеж, храброст и вистина. Теми кои се дел од нивните животи и професии. Искажувајќи ги своите мисли и чувства пробуваат да го променат секојдневието.
Проектот е поддржан од Министерство за култура и беше реализиран за време на карантин.