Избор на најуспешни жени менаџери

Од:

Најуспешните жени менаџери за 2019 година ќе бидат промовирани вечер на манифестацијата што традиционално веќе 24 години ја организира агенцијата „Марили“.

Најуспешните жени менаџери за 2019 се избрани според веќе воспоставени критериуми, доаѓаат од успешни компани од различни области и дејности од целата држава. Тие најчесто биле препорачани, но, сепак, се почитувала и нивната лична согласност да бидат дел од овој избор.

Најсупешни жени менаџери за минатата година се Мерита Рамадани Алими, директор за бизнис и развој во DOGAN Air Conditioning Solutions – Скопје, Маја Бабиќ, извршен и оперативен менаџер во „Баги Комуникации“ – Скопје, Татјана Дејаноска, директор на продажба во „Циклама инжинеринг“ – Гостивар, Д-р Даниела Димитрова, сопственик на Центар за дентална и естетска медицина „Перла“ – Скопје, Наталија Дренковска, менаџер за административни работи и набавки во ТАВ Македонија, Олга Јосевска, оперативен менаџер во „Comodita Home“ – Македонија, Даниела Китанова, менаџер во Електродистрибуција ДООЕЛ Скопје , EVN Group, Магдица Костадинова, извршен менаџер на „Еуро Консалт Плус“ – Скопје и „ЕКП Травел“– Скопје, Марија Кукуновска, генерален менаџер на „БИСПАГ Противпожарна Техника“ – Скопје и Жанета Џафер, Генерален менаџер на „Жанета Естетик“ – студио за убавина

На вечерашниот „Избор на 10 најуспешни жени менаџери од Македонија“, ќе и биде доделено специјално признание на д-р Милена Стевановиќ, директор на Универзитеската клиника за инфктивни болести и фебрилни состојби, за успешно менаџирање во услови на вонредна состојба наметната од пандемијата со Ковид-19, со што се оддава почит на сите здравствени работници кои се на првата борбена линија во оваа здравствена криза.

Исто така, заради континуираната поддршка на женското менаџерство и на проектите на агенција „Марили“ од 2018 до 2020 година, благодарница ќе и биде доделена министерката за образование и наука Мила Царовска.

Манифестацијата ќе биде збогатена со настап на харфистката Мерсиха Шукри.

Овој настан, кој оддава признание на жените менаџери во услови на ковид-криза со посебни протоколи треба особено да биде поддршка за женското менаџерство и за компаниите да опстојат и успешно да се изборат со економската криза предизвиката од здравствената криза, велат од „Марили“.

Би можело да ве интересира

Втора 24-часовна Светска виртуелната конференција за жени во технологија

Ана Ололовска

Преку Национална платформа до економско јакнење на жените

Ана Ололовска

Национална платформа за женско претприемништво – интензивирање на дијалогот, поголема еднаквост и одржлив економски раст

Ана Ололовска

Единаесет жени претприемачи добија финансиска поддршка од државата за реализација на нивните бизнис планови

Ана Ололовска

Признанија за најуспешните менаџерки во 2019 година

Ана Ололовска

Лукаревска на средба со жени-претприемачки од Асоцијацијата на бизнис жени

А1он