Национална платформа за женско претприемништво – интензивирање на дијалогот, поголема еднаквост и одржлив економски раст

Од:

Здружението на бизнис жени во партнерство со Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување, Сојуз на стопански комори на Македонија и Националната федерација на фармери почнува да го реализира проектот Националната платформа за женско претпримништво.

Проектот е финансиран од ИПА Програмата, а целта е да ги интензивира дијалогот, структурната соработка и довербата меѓу женското претприемништво, националата и локалната власт, граѓанските организации и деловната заедница со цел за економско зајакнување на жените, вклучувајќи ги и младите и жените од руралните подрачја.

-Фокусот е насочен кон зголемување на еднаквоста и промовирање инклузивен и одржлив економски раст во две насоки: развој на средина за поддршка за женско претприемништво што ќе им помогне на жените да почнат и да ги зголемат своите деловни активности, како и да се справат со нивните повеќекратни улоги, како и поддршка на здруженијата и граѓанските организации преку подобрување на застапувањето и услугите за женско претприемништво. Главната цел на платформата е зајакнување на капацитетите на граѓанските организации за јавна политика и застапување во областа на женското претприемништво со спојување во единствена мрежа што ќе претставува интерес на жените претприемачи на сите нивоа. Исполнувањето на главната цел ќе придонесе за позиционирање на националната платформа и ќе резултира во подобри политики за женско претприемништво и неговиот удел во создавањето работни места, со што влијае врз зајакнување на економскиот развој, соопшти ССК.

Би можело да ве интересира

Ќе се подобрува бизнис климата за развој на женското претприемништво

Ана Ололовска

Втора 24-часовна Светска виртуелната конференција за жени во технологија

Ана Ололовска

Преку Национална платформа до економско јакнење на жените

Ана Ололовска

Единаесет жени претприемачи добија финансиска поддршка од државата за реализација на нивните бизнис планови

Ана Ололовска

Признанија за најуспешните менаџерки во 2019 година

Ана Ололовска

Избор на најуспешни жени менаџери

Ана Ололовска