Признанија за најуспешните менаџерки во 2019 година

Од:

Најуспешните жени менаџерки за 2019 година ги добија своите признанија. Ова беше 24-ти избор на најуспешни жени менаџерки во годината, а признанијата на најуспешните од минатата година беа врачени синоќа.

Признанијата, што ги доделува агенцијата „Марили“ ги добија, Мерита Рамадани Алими, директор за бизнис и развој во DOGAN Air Conditioning Solutions – Скопје, Маја Бабиќ, извршен и оперативен менаџер во „Баги Комуникации“ – Скопје, Татјана Дејаноска, директор на продажба во „Циклама инжинеринг“ – Гостивар, д-р Даниела Димитрова, сопственик на Центар за дентална и естетска медицина „Перла“ – Скопје, Наталија Дренковска, менаџер за административни работи и набавки во ТАВ Македонија, Олга Јосевска, оперативен менаџер во „Comodita Home“ – Македонија, Даниела Китанова, менаџер во Електродистрибуција ДООЕЛ Скопје , EVN Group, Магдица Костадинова, извршен менаџер на „Еуро Консалт Плус“ – Скопје и „ЕКП Травел“– Скопје, Марија Кукуновска, генерален менаџер на „БИСПАГ Противпожарна Техника“ – Скопје и Жанета Џафер, генерален менаџер на „Жанета Естетик“ – студио за убавина .

На настанот „Жена менаџер“, како што наведуваат во соопштение до јавноста, беше доделено и специјално признание на директорката на Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби д-р Милена Стевановиќ за успешно менаџирање во услови на вонредна состојба наметната од пандемијата со Ковид-19.

Настанот се одржа со строго почитување на пропишаните протоколи за заштита од Ковид-19 во свечена атмосфера за што свој придонес дадоа извонредните поетски текстови на водителката Ели Танасковска и музичките ноти од харфата на нашата прва харфистка Мерсиха Шукри.

Би можело да ве интересира

Втора 24-часовна Светска виртуелната конференција за жени во технологија

Ана Ололовска

Преку Национална платформа до економско јакнење на жените

Ана Ололовска

Национална платформа за женско претприемништво – интензивирање на дијалогот, поголема еднаквост и одржлив економски раст

Ана Ололовска

Единаесет жени претприемачи добија финансиска поддршка од државата за реализација на нивните бизнис планови

Ана Ололовска

Избор на најуспешни жени менаџери

Ана Ололовска

Лукаревска на средба со жени-претприемачки од Асоцијацијата на бизнис жени

А1он