Евроамбасадорот Гир и градоначалникот Шилегов ќе го отворат „Велоштад“

Од:

Евроамбасадорот Дејвид Гир и градоначалникот на Скопје Петре Шилегов денеска официјално ќе го отворат паркингот за велосипеди „Велоштад“ во рамки на Транспортниот центар.

-Ова урбано место за велосипедистите ги задоволува нивните практични потреби кога станува збор за паркинг и сервисирање, а муралот финансиран од Европската Унија испраќа порака за подобра мобилност, спортска активност и здрав хачин на живот, стои во соопштението на Делегацијата на ЕУ во Скопје.

Како што наведуваат оттаму, отворањето на „Велоштад“ го заменува одбележувањето на Денот без автомобили, што годинава не можеше да се одбележи на традиционалниот начин со масовна велосипедска парада поради Ковид-19. Настанот истовремено се одржува во контекст на Европската недела на мобилност, што се надополнува со Европската недела на спортови. „Велоштад“ ги обединува двете пораки кои ЕУ ги испраќа на крајот на секој септмври – „Мобилност за сите со нула-емисии“ и „Биди активен“.

Велосипедскиот паркинг со кој се урбанизира делот од Транспортниот центар е идејно решение на Теа Дамјановска и Михајло Стојановски и е поддржано од Германското друштво за меѓународна соработка (GIZ).

Делегацијата на Европска Унија го надополнува урбаното решение со мурал кој го става акцентот на важноста од достапен транспорт со нула-емисии за секого и ги поттикнува луѓето да негуваат поздрав стил на живот во текот на целата година. Муралот, финансиран од ЕУ, е дело на тројца дипломирани уметници: Сања Симоска, Сали Ертунц и Бранкица Јорданковска.

Би можело да ве интересира

Зелен хуман град: Зошто постои МВР?

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје осудува секаков вид на насилство, притисоци и закани

Предраг Петровиќ

Арсовска: Оф бе Боби, седи Боби, кец

Предраг Петровиќ

Град Скопје: Во сабота и недела ќе се реализира авионска дезинсекција против комарци

Арсовска достави документи за 20 случаи за легализирани дивоградби во Чаир до Обвинителството за организиран криминал

Катерина Ѓуровски

Град Скопје: Фирма затекната при вршење нелегални активности, правење дива депонија со градежен и опасен отпад