Менаџерот на Тотенхем, Жозе Мурињо изјави дека напорната програма ќе ги принуди да и дадат приоритет на попрофитабилната Лига на Европа пред Лига купот во обид да избегнат непотребни повреди. „Спарс“ утре го пречекуваат Челзи во рамките на четвртото коло од Лига купот, два дена пред гостувањето на Макаби Хаифа во Северен Лондон во плеј-оф мечот од Лига Европа.
Мурињо рече дека англиската фудбалска лига „донесе одлука“ наместо него и дека нема друг избор освен да го менува составот за лондонското дерби.
– Би сакал да се борам за Лига купот, но мислам дека не можеме. Во четврток имаме натпревар кој ни дава не толку пари како Лигата на шампионите, но групната фаза од Лигата на Европа ни дава одредена сума, што за клуб како нас е многу важен. Челси играше во саботата, има пауза во недела и понеделник, потоа игра во вторник и потоа игра повторно за време на викендот. Па така, со нивниот фантастичен состав, доколку менаџерот одлучи да не го ротира, тој може да игра совршено со играчите што ги сака. Како што знаете, игравме во недела, сега играме во вторник, во четврток, повторно во недела, прокоментира Мурињо.