Општина Центар ја реконструира улицата „Салвадор Аљенде“

Од:

Денеска градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, изврши увид во градежните активности на улицата „Салвадор Аљенде“ бр. 32 и 34.

– Оваа улица се наоѓа на почетокот на рекреативно-планинарската патека на Водно и веднаш под Бирото за јавна безбедност. На површина од 1057.5 метри квадратни ќе биде поставен нов коловоз и за првпат жителите во овој дел на Центар, ќе добијат нова комплетно асфалтирана улица. Исто така, одводнувањето на површинските атмосфрески води ќе биде во самиот канал што се наоѓа во непосредна близина на улицата, информира Општината.

Во овој реон на Центар, досега се реконструирани улиците: „Караорман“, „Бигла“, „Димитар Пандилов“, „Ганчо Хаџипанзов“, „Капиштец“, „Питу Гули“, „Загребска“ и „Периша Савелиќ“.

Центар продолжува со активности за реконструкција на улици кои ќе придонесат за обезбедување подобри услови за живот на граѓаните, како и хуманизирање на просторот со побезбедни услови во сообраќајот и во интерес на жителите, се додава во соопштението на Општината.

Би можело да ве интересира

Горан „бетоњерка“ Герасимовски го турка планот за „Барутана“ на Водно: Чии интереси штити?

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец