Претседателот на Нигерија Гудлак Џонатан прогласи вонредна состојба во три држави на североисток од државата, поради интензивирање на герилските напади на исламските екстремисти.
Претседателот изјави дека во државите Адамава, Борно и Јобе ќе биде испратен поголем број војници, но дека државните политичари ќе останат на своите функции, пренесе „Асошиејтед прес“.
Џонатан нагласи дека војниците имаат наредба да ја уништат секој зграда за која се сомневаат дека во неа се кријат екстремисти.
Исламистичката организација Боко Харам се смета за одговорна за повеќето напади. Таа од 2010 година уби околу 2.000 лица.
Елена Георгиевска