Попоски на 123. сесија на Комитетот на министри на Советот на Европа

Од:

Министерот за надворешни работи Никола Попоски денеска и утре ќе учествува на  123-та министерска сесија на Комитетот на министри на Советот на Европа, што ќе се одржи во Стразбур.

На состанокот ќе се разгледуваат повеќе актуелни теми од сферата на демократијата, човековите права и владеењето на правото во Европа што се во надлежност на Организацијата. На Сесијата и формално актуелниот претседавач на Комитетот на министри Андора ќе го предаде претседавањето на  Ерменија за следниот шестмесечен  период.

Во тек на учеството на министерскиот состанок, предвидени се повеќе средби на министерот Попоски, меѓу кои и со генералниот секретар на Советот на Европа Торбјорн Јагланд и со Комесарот за човекови права на Советот на Европа Нилс Муижниекс, како и министрите за надворешни работи на Холандија, Франс Тимерманс и на Луксембург, Жан Аселборн.

Би можело да ве интересира

Oсудa за опожарувањето на возилата во сопственост на Амбасадата на Бугарија

МНР на бугарскиот амбасадор Радуков му упати усен демарш поради употреба на терминот „северно-македонски“

Горан Наумовски

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток