Османи во Брисел на разговори за европското досие на Северна Македонија

Од:

Mинистерот за надворешни работи Бујар Османи од денеска е во дводневна работна посета на Брисел, каде што ќе има средби со високи претставници на европските институции.

Во рамките на посетата, како што соопшти МНР, Османи ќе се сретне со високиот претставник за надворешна и безбедносна политика на ЕУ и потпретседател на Европската комисија, Жозеп Борел, како и со потпретседателката на Европската комисија задолжена за демократија и демографија како и за конференција за иднината на Европа, Дубравка Шуица.

Османи ќе има средба и со еврокомесарот за соседска политика и проширување, Оливер Вархеји, а предвидени се средби и со високи официјални претставници на Европскиот парламент и европарламентарци, меѓу кои потпретседателката на Европскиот парламент, Клара Добрев, копретседавачот со Заедничкиот парламентарен комитет помеѓу ЕУ и МК, Андреас Шидер, известителот за Северна Македонија Илхан Ќучук, како и други европратеници.

Агендата на министерот Османи предвидува и средба со Мирослав Лајчак, посебен претставник на ЕУ за Западниот Балкан и дијалогот Белград – Приштина.

Клучна точка на разговорите ќе биде европското досие на Северна Македонија. Фокусот на Османи е до крајот на оваа година, овој процес да го доживее своето успешно заокружување во рамки на Германското претседавање со Советот на ЕУ, преку усвојување на преговарачката рамка која претставува водечки документ во пристапните преговори и одржувањето на Првата меѓувладина конференција која традиционално го означува почетокот на преговорите за секоја земја аспирант за членство.

Министерот Османи ќе ги претстави приоритетите на својата мандатна мисија, со посебен осврт кон добрососедските односи и придонесот кон регионот, при ште ќе ги реафирмира: силната проевропска програма на новата влада, продолжување на реформските процеси со ЕУ предзнак, особено во делот на владеење на правото, како и социо-економските мерки за справување со последиците од пандемијата, стои во соопштението од МНР.

Би можело да ве интересира

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија