Донесена Уредба за начинот на организирање и реализирање на наставата во вонредни околности во основните и средните училишта

Од:

На предлог на Министерството за образование и наука, на вчерашната седница е донесена Уредба за начинот на организирање и реализирање на наставата во вонредни околности во основните и средните училишта, со одлуки за времетраењето на часовите и на одморите, за почетокот на учебната година, како и Одлука за утврдување на максималниот број на ученици во паралелка во основните училишта и средните во услови на вонредни околности, за оние училишта кои добиле согласност за организирање настава со физичко присуство.

Уредбата за начинот на организирање и реализирање на наставата во вонредни околности во основните и средните училишта ги опфаќа и сите други активности како што се проверката на постигањата на успехот на учениците, организирањето на практичната настава, и другите наставно-образовни активности.

На оваа седница е усвоена и Информацијата, и беа усвоени протоколите за постапување на посебните основни училишта за реализација на воспитно-образовниот процес со физичко присуство на учениците во учебната 2020/21 година за посебните училишта ПОУ „Иднина“-Скопје, ПОУ „Маца Овчарова“- Велес, ПОУ „Д-р Златан Сремец“- Скопје, ЗРДОСГГДПР „Кочо Рацин“- Битола, ПОУ „Св.Климент Охридски“- Ново Село, Струмица, ДУРДМОВ „Димитар Влахов“- Скопје, и ЈУ Завод за заштита и рехабилитација „Бања Банско“- Струмица.

Владата на вчерашната седница ја разгледа и усвои и Информацијата за реализација на наставата во средните училишта за ученици со посебни образовни потреби во учебната 2020/2021 година, и ги усвои поединечните протоколи за постапување во средно образование за ученици со посебни образовни потреби.

На седницата беа усвоени и протоколите за работа во услови на справување со вирусот Ковид-19 во јавните ученички домови и во државните студентски домови и други објекти за сместување во Република Северна Македонија во академската 2020/21 година.

На оваа седница Владата го усвои Извештајот за работата на Комисијата за разгледување на поднесени барања од страна на основачот на училиштето за организирање на настава со физичко присуство, за период од 18.09.2020 година до 25.09.2020 година.

Листата на дадени согласности за организирање на настава со физичко присуство е поставена на веб страницата на владата на следниот линк: https://vlada.mk/sites/default/files/dokumenti/izvestaj_25092020_-_celosen.pdf

Би можело да ве интересира

Владата го утврди текстот на Предлогот на закон за финансиска поддршка на социјално ранливи категории на граѓани

Од задутре кафеаните може да примаат гости и внатре, тоа не важи за дискотеките и клубовите

Жарко Настоски

Владата ќе им подели по 500 евра кризна помош на 745 естрадни уметници

Жарко Настоски

Владата тврди дека над 150.000 граѓани ќе бидат опфатени со законот за отпис на камати и трошоци

Жарко Настоски

Премирот Заев е за настава со физичко присуство од септември

Ана Ололовска

Претоварени автобуси се движеле кон Охрид непочитувајќи ги здравствените прописи против Ковид-19

Ана Ололовска