Трилатерален самит Турција-Србија-БиХ во Анкара

Од:

Во Анкара денеска се одржува трилатерален самит Турција-Србија-Босна и Херцеговина на претседателско ниво. Ова е трета трилатерална претседателска средба на Турција, Србија и БиХ.

Првиот самит е одржан 2010 година во Истанбул, а вториот во Караѓорѓево во 2011 година. На самитот ќе учествуваат домаќинот Абдула Ѓул, српскиот претседател Томислав Николиќ и членовите на претседателството на БиХ Небојша Радмановиќ, Бакир Изетбеговиќ и Жељко Комшиќ.

Работниот дел на самитот ќе почне со пленарна трилатерална средба, по која ќе биде усвоена и заедничка декларација.
Министрите за надворешни работи на земјите Ахмед Давутоглу, Иван Мркиќ и Златко Лагумџија минатата недела во Сараево одржаа подготвителен состанок, додека ресорните министри вчера потпишаа трилатерален Протокол за економска соработка.

Турскиот министер за економија Зафер Чаглајан, потпретседателот на српската Влада и министер за надворешна и внатрешна трговија и телекомуникации Расим Љајиќ и министерот за надворешна трговија и економски односи на БиХ вчера во Анкара потпишаа Протокол за формирање на троен трговски комитет меѓу Турција, Србија и БиХ.

– Формирањето на Комитетот е индикатор на нашето пријателство со цел за развој и поттик на соработката меѓу нашите земји, а на секој состанок на Комитетот ќе присуствуваат стопанственици и ќе бидат организирани трилатерални средби поддржани од владите на нашите земји, истакна Чаглајан.

Турскиот претседател Абдула Ѓул пред состанокот изјави дека неговата земја прави силни напори за подобрување на односите со Сараево и Белград.

– Приближувањето на Сарaево и Белград дава очвиден придонес за мирот во регионот, нагласи Ѓул. Тој најави дека особено внимание на самитот ќе биде посветено на соработката во областа на економијата, троговијата, енергетиката, образованието, културата, туризмот и земјоделството.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Затворени училишта во Турција поради снежната бура, затрупани автомобили, во тек е извлекување на завеаните

Горан Наумовски

Масакр во Турција: Маж убил осум лица, меѓу кои и неговите најблиски

Горан Наумовски

Вучиќ: Нема да успеат, Србија нема да застане

Вучевиќ: Опозицијата насилно се обидува да го блокира Собранието, нема да ја спречи Србија

Брнабиќ: Погазувајќи го достоинството на Собранието, се радуваат оние кои не сакаат просперитетна Србија

ВИДЕО: Тепачка во српскиот парламент, се пресметаа пратениците на власта и опозицијата