Само двајца го преживеале падот на украинскиот воен авион кај Харков

Од:

Во падот на воен авион во кој се превезувале кадети на воздухопловна академија на војската на Украина загинаа најмалку 22 лица, а се претпоставува дека конечниот биланс ќе биде 26 мртви.

Авионот Ан-26 синоќа се запали на пистата на аеродромот во Чухуив, во Харковската област, при неуспешен обид да слета.

„Според прелиминарните информации, во авионот имало 28 лица, од кои седуммина офицери и 21 кадет на воената академија. За жал, 22 лица се загинати, а има двајца преживеани, од кои едно е во критична состојба. Судбината на четворица други засега е непозната. Се молиме за нивниот живот и пружаме помош, напиша шефот на регионалната државна управа, Алексеј Кучер, на Телеграм.

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски изјави дека денес ќе го посети Харковскиот регион.

“Итно се формира комисија за разјаснување на сите околности и причини за трагедијата. Издадов релевантни упатства на премиерот. Во тек се операции за пребарување и спасување. Утре ќе бидам во регионот Харков“, напиша Зеленски на Телеграм.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Белоусов: Руските вооружени сили ги „згазија“ најдобрите украински единици

Лавров: Западот почнува да сфаќа дека ќе остане само дел од Украина

Медиуми: Севернокорејски генерал е ранет во неодамнешниот украински ракетен напад

Горан Наумовски

Украина денеска го затвори својот парламент од безбедносни причини

Горан Наумовски

Две лица загинаа во Суми, 12 се повредени

Рускиот амбасадор во Лондон ја обвини Британија за вмешаност во војната во Украина

Горан Наумовски