ВИДЕО: Авион со воени питомци се урна во Украина, загинаа 22 момчиња

Од:

Најмалку 22 питомци на украинска воена воздухопловна академија загинаа вечерва кога транспортниот авион Антонов-26 со кој се превезувале, се урна при слетување, а потоа се запали.

Двајца патници во авионот ја преживеале несреќата, но се во критична состојба, а четворица се водат како исчезнати, соопштија спасувачките служби.

Авионот се урна при обид да слета на аеродромот во Чугуив во близина на Харков, околу 400 километри источно од главниот град Киев.

Според првичните извештаи, авионот превезувал студенти на државната воздухопловна академија, а екипажот бил составен од припадници на армијата.

Засега нема информации околу причините за несреќата.

Би можело да ве интересира

Русите бесни поради одлуката на САД за нова помош за Украина: „Ова ќе заврши со понижување“

Орце Костов

Украина: Во рускиот напад на областа Дњепропетровск загинаа 8 лица, 29 се повредени

Горан Наумовски

Експлодираше гасовод во регионот на Харков

НАТО соопшти дека не ги гледа условите за поканување на Киев во Алијансата

НАТО: Украина да обезбеди војници, ние испраќаме само средства

Горан Наумовски

Би-Би-Си: Убиени се најмалку 50.000 Руси