Поглаварот на ИВЗ Фетаху го посети Дебар

Од:

Поглаварот на Исламската верска заеница во Северна Македонија Реис-ул улема Шаќир ефенди Фетаху, денеска прстојуваше во посета на општина Дебар,инфомрираа од општината при што имал со градоначалникот Хекуран Дука, на која присуствувал и дебарскот муфтија Решат ефенди Качалнику.

-Денеска бевме почестени со посетата на Реис-ул улема Шаќир Ефенди Фетаху, претседател на Исламската верска заедница во РСМ, како и муфтијата на Дебар, Решат ефенди Качалнику. На средбата стана збор за соработката на општина Дебар и ИВЗ, која беше оценета како многу конструктивна и задоволителна, знаејќи ја важноста и улогата на религијата во нормалниот развој на едно општество, додаваат од општината.

Посочуваат дека „оваа многу потребна соработка ќе продолжи и во иднина со поголем интензитет и со конкретни чекори“, а во име на оваа соработка биле разменети благодарници од општина Дебар за ИВЗ и од ИВЗ за општината.

Поглаварот Фетаху, со своите соработници бил и во посета на дебарското муфтиство каде бил запознат со низата активности,пред се оние кои се реализираат во однос на реновирање на постојните и изградба на нови џамии,за што главни донатори се самите верници како и дебарските иселеници од САД. Тој имал средба и со имамите од ова муфтиство.

Дебарското муфтиство го покрива подрачјето на општините Дебар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, каде функционираат над 50 џамии.

Би можело да ве интересира

Новоназначен в.д. муфтија за Тетово пријавил во полиција дека бил попречуван да почне со работа

Тетовскиот муфтија обвини за незаконска смена од ИВЗ

ИВЗ е против законите за родова еднаквост и за матична евиденција

Катерина Ѓуровски

Извештај на Стејт департмент за верските слободи во Северна Македонија

Лидерите на петте верски заедници предлагаат повлекување на предлог-законите за матична евиденција и за родова еднаквост

Ана Ололовска

ИВЗ имаше наредба верниците да ја сфатат сериозно вакцинацијата, поглаварот на ИВЗ Фетаху го поддржа вакцинирањето

Маја Илиевска-Пачемска