Две лица се ранети при инцидент утрово на крстосницата на патот меѓу битолските села Кравари и Оптичари, кога возач на автомобил „Порше“ со скопски регистарски таблички не застанал на наредба од полицајци и се обидел да ги прегази, по што тие испукале неколку истрели кон возилото, соопшти МВР.
Настанот се случил утрово околу 6 часот, кога поради основано сомнение дека се превезуваат мигранти, полицајците од станицата Меџитлија се обиделе да го сопрат „Поршето“,но возачот дал гас и се обидел да ги прегази, а во тој момент тие пукале кон автомобилот.
Набргу возилото запрело во близина на бензинска пумпа на влез во Битола, а во него бил затекнат возачот Ш.С., кој се здобил со две прострелни рани во нозете, додека во непосредна близина бил пронајден и еден мигрант со прострелна рана во ногата.
Повредените лица се пренесени во Клиничка болница Битола за укажување на лекарска помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.