Косовската претседателка Атифете Јахјага денес изјави дека постигнатиот договор помеѓу Белград и Приштина е корисен за сите граѓани и дека со него нема губитници.
Таа оцени дека бриселскиот договор допринесува за мир и стабилност во регионот.
-Со договорот нема губитници, сите сме добитници. Единствено на овој начин можеме да изградиме светла иднина-порача таа.
Претседателката на Косово додаде дека одржувањето на локални избори годинава во сите општини на Косово, вклучувајќи ги и оние на северот, ќе одбележат едно подглавје од минатото а ќе отворат нови европски перспективи, соработка и разбирање.
Елена Георгиевска