Двајцата пилоти на Военото воздухопловство и ПВО на српската армија чиј авион „Миг-21“ се урна во близина на Мали Зворник додека извршувале летачки задачи, се загинати, потврди Министерството за одбрана.
Министерството претходно соопшти дека авионот „Миг-21“ што се урна бил прегледан во согласност со сите процедури, а по увидот утврдено е дека е исправен и подготвен за лет.
Министерството за одбрана соопшти дека надлежните истражни органи се на местото на авионската несреќа и оти истрагата околу причините за несреќата се во тек.