Вечерва почнувајќи од 22.00ч во дворот на Кинотекат на С. Македонија ќе се одржи второто издание на Фестивалот на урбана култура МУРАЛ. Духот на овој фестивал е негување на урбаната култура и уметност и за таа цел оваа година ќе биде нацртан мурал на зградата на Кинотека. Уметничкот печат ќе го даде артистката Воскресија Андреевска.
Во склоп на настанот ќе се одржи и изложба на фотографите и уметниците Ирина Крстевска и Филип Лафазоновски.
Оваа година беше предизвик за сите нас, па затоа е време за да им се даде простор на шаренилото од бои искомбинирани со музиката на изведувачите: Долорес Поповиќ, Андреј Татарчевски и DJ Gloomié.