Денови на Крали Марко во Прилеп

Од:

По седми пат во Прилеп од утре до 17 ти мај ќе се одржи манифестацијата „Денови на Крали Марко“ во организација на локалната самоуправа. Повеќе настани ќе ја одбележат манифестацијата за легендарниот Крал Марко, најмногу опеан во приказните, легендите преданијата.

– Утре во библиотеката „Борка Талески“ на пладне ќе биде промовиран анимираниот филм за Крали Марко на кој напорно работеа ученици од Прилеп и од Краљево, Република Србија. Во организација на библиотеките од овие два града ќе биде отворена и изложба за Крали Марко, соопшти на денешната прес конференција Снежана Ристеска, советник за култура во локалната самоуправа.

Учениците од ОУ „Блаже Конески“ во петок ќе подготват ликовна и литературна програма на тема „Децата го цртаат Крали Марко“. Програмата ќе ја оджат во подрачното училиште во населбата Варош.

– Ова на младите ќе им го доближи времето во кое живеел легендарниот крал. И тоа преку историски час, народни приказни и легенди каде е главен јунак и со презентирањето на краткиот анимиран филм, вели Ристеска.

На 17 мај вечерта од 20 часот на мултимедијалното плато во населбата Варош, под Марковите кули, ќе се одржи акустичен концерт, а ќе настапат Сашо Гигов-Гиш, Калина Велковска, Предраг Икономовски, Драган Стојковски, Гоце Наумов и Ненад Неделков.

Би можело да ве интересира

Определен e притвор на шест лица за случајот со Прилепската болница

Побаран притвор за шестмина и мерки претпазливост за 15-тина кои се приведени за случајот со Прилепската болница

Денеска во Прилеп гласаат 298 болни и изнемоштени, 60 штитеници и 119 осуденици во прилепскиот затвор

ВМРО-ДПМНЕ: Продановски e вистинскиот избор за градоначалник во Општина Прилеп

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Хаос во Прилеп: Две банди се пресметаа во дворот на болницата

Експресниот пат Прилеп-Градско е затворен за сообраќај