„Пубоо“ – граѓанска иницијатива за похуман јавен простор во тетовските маала

Од:

Група граѓани во Тетово покренаа иницијатива за облагородување на јавниот простор во градските маала, со цел, како што велат, да му се спротивстават на гушењето на маалскиот дух предизвикано од агресивната урбанизација во градот.

„Со години наназад, жителите на Саат Маало живеат во услови на постојана гужва од паркирани возила, голема нечистотија и агресивна урбанизација што го гуши духот на едно од најстарите тетовски маала,“ велат иницијаторите на граѓанската акција наречена Пубоо / Heshem / Daha Güzel.

Првиот настан на иницијативата е закажан за недела, 27 септември, со графичко разубавување на трансформатор на ЕВН во тетовското Саат Маало.

„Идејата да се облагороди централниот простор околу некогашната саат кула и џамијата, како еден од највпечатливите делови од градот, потекна од граѓаните кои живеат во маалото и така се роди граѓанското здружение Пубоо. Решивме да бараме начини како може да се направи просторот похуман, да се разубави и да стане попријатно место во кое ќе растат нашите деца, а со кое ќе се гордеат сите тетовци,“ велат организаторите.

Група од четворица млади, талентирани и искусни графички дизајнери, ќе придонесат со нивното знаење и понудија идејно решение за изгледот на трансформаторот, велат од иницијативата, од каде најавуваат дека таа ќе продолжи со слични акции и во другите делови од градот.

Би можело да ве интересира

32-годишна жена од Тетово плати 3.000 евра за измислена работна виза

Горан Наумовски

ВИДЕО: Дојава за бомба во тетовската гимназија „Кирил Пејчиновиќ“

Свлечишта на Шапка и во тетовско, потпорен ѕид падна врз куќа – 200 поплавени куќи во Форино

Горан Наумовски

Мртво бебе е донесено во Ургентниот центар во Тетово

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

ВИДЕО: Снимка од моментот на земјотресот во Тетово

Катерина Ѓуровски