Борисов: Бугарија соодветно реагира на заканата од Ковид-19, мерките делуваат

Од:

„Бугарија реагираше најбрзо и адекватно на здравствената и економската закана од пандемијата. Нашите мерки започнаа рано и опфатија многу луѓе“, напиша бугарскиот премиер Бојко Борисов на Фејсбук.

“Само според шемата 60/40, зачувани се повеќе од 300.000 работни места. Ние бевме една од првите земји што ја воведоа мерката, а резултатите досега покажуваат дека таа работи совршено”, рече тој.

Паралелно, за најпогодените од кризните сектори како: транспорт и туризам и угостителство ја трансформиравме мерката на 80/20, како резултат на тоа ќе бидат поддржани над 700 компании со вкупно 43,5 милиони лева. Малите и микро компании добија скоро 110 милиони лева, а средните претпријатија ќе добијат ресурс од 200 милиони лева. Ако владините мерки не функционираат, невработеноста ќе беше 14%, а сега е на ниво од 7,5 % “, напиша премиерот.

“Светските експерти се едногласни дека претстојат најтешките времиња за нашите здравствени системи и економии. Ние мора да бидеме разумни и флексибилни во нашите одлуки за да ги минимизираме штетите од кризата. Но, како што покажуваат податоците, ние сме на вистинскиот пат!”, додаде Борисов.

Би можело да ве интересира

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Бугарија гради база за прием на авиони Ф-16

ВИДЕО: Бугарија повторно има преодна влада, на избори оди на 9 јуни

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Нов земјотрес ја стресе Бугарија

Бугарија оди на нови избори