Наместо својата облека во изгубениот куфер по враќање од Еквадор, шеесетгодишен брачен пар од Тулуз пронашол 20 килограми кокаин.
Откако пристигнале од Еквадор и констатирале дека им го нема куферот, брачниот пар веднаш направил рекламација во авиокомпанијата со која патувале со цел куферот да им биде пронајден.
Вчера брачната двојка го подигнала куферот од аеродромот во Тулуз во кој наместо сувенирите и облеката пронашле 20 килограми кокаин.