Помпео со критика до Кина поради ситуацијата во провинцијата Синџијанг

Од:

Во говор пред законодавците на сојузната држава Висконсин, американскиот државен секретар Мајк Помпео денеска предупреди за кинеското влијание врз политикита и изборите во САД и впери прст кон Пекинг за третманот на муслиманското малцинство во Кина.

Откако беше прашан дали Вашингтон планира да изнесе официјален став за осуда поради жестокото однесување на власта со муслиманите, тој изјави дека САД размислуваат како да го формулираат описот на ситуацијата во кинескиот регион Синџијанг.

Државниот секретар рече дека за тоа прашање треба внимателност и прецизност.

-Ние размислуваме какви формулации да употребиме кога се посочува на таа ситуација. Кога говориме за злосторства против човештвото или за геноцид треба да бидеме многу внимателни и многу прецизни, затоа што тоа има голема значење, изјави Помпео на настап во Капитолот на сојузната држава Висконсин.

Би можело да ве интересира

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Објавена снимка од американски разурнувачи кои пукаат во ирански ракети

Џо Бајден се противи Израел да ги таргетира иранските нуклеарни локации

Најмалку 64 жртви на ураганот Хелена во југоисточниот дел на САД

Иран: Нема да се двоумиме, САД мора да ги прифати последиците

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак