На 12 септември успешно беше заокружено првото издание на „Куп на македонска фотографија“. Зад Купот стои се уште неформалното здружение Национална фотографска унија, кое обединува неколку активни фото клубови од Македонија кои делат ист начин на делување и филозофија кон уметничката фотографија.
На натпреварот учествуваа 150 фотографи од 20 градови во Македонија, со што Купот може да се пофали со статусот натпревар со национален карактер.
Пред тричленото жири вкупно беа претставени 1195 фотографии во темите слободна (колор) и слободна (црно-бела). Квалитетот на фотографиите беше задоволувачки со оглед дека учество зедоа широк спектар на фотографи, од
афирмирани имиња па се до млади автори и почетници.
Со НПУМ златни медали во двете секции се закитија авторите Доријан Миловановиќ за фотографијата „Two Worlds“ и Диме Данов, за „Пејсаж, со девојка во преден план“.
Двете фотографии што освоија златни медали, од жири членовите добија највисоки оценки. Наградената фотографија во темата слободна (црно-бела) „Two Worlds“ ја доловува noir атмосферата и е квалитетно ликовно-естетски сработена.
„Пејсаж, со девојка во преден план“ претставува нешто што е сосема различно од фотографиите што често се гледаат на изложбите. Taa дава впечаток на носталгичен ефект и чувство на тага и копнеж, а композициски пристапот и е целосно модерен.
Останати добитници на медали беа Александар Томовски, Маја Аргакијева (НПУМ сребрени медали), Тоши Трајчев и Благојче Костовски (НПУМ бронзени медали). Двете фотографии што освоија златни медали, од жири членовите добија
највисоки оценки. Наградената фотографија во темата слободна (црно-бела) „Two Worlds“ ја доловува noir атмосферата и е квалитетно ликовно-естетски сработена.
За изложбата на Купот на македонска фотографија ќе биде изработен богат каталог, а фотографиите поради ситуацијата со пандемијата на КОВИД-19 ќе бидат презентирани дигитално.