Албанците први во Европа и четврти во светот по барање азил, претседателот Мета вели: Доста е

Од:

Албанскиот претседател Илир Мета на Фејсбук објави фотографија на која се прикажува графикон за периодот 2010-2019 година каде Албанија е рангирана на четвртото место во светот и прва во Европа по барања за азил.

Мета наведува дека земјата не заслужува да биде рангирана меѓу Сирија, Авганистан, Ирак и Иран и апелира да не се оди во погрешна насока.

Како прв чекор за враќање во вистинската насока, Мета бара да се почитува договорот од 5 јуни за изборните реформи, точка по точка и изборните листи да бидат 100 отсто отворени.

„Доста е! Албанија не заслужува да биде рангирана меѓу овие земји. Албанија заслужува само европска иднина. Доста е со погрешен правец на авторитаризам, ароганција, корупција и глупост, што толку многу ги осиромашува и изморува Албанците, принудувајќи ги да ја напуштат земјата. Да ја вратиме надежта со враќање на суверенитетот во рацете на народот, со 100 отсто отворени изборни листи и исполнување на сите услови на ЕУ,“ порача Мета преку објавата на Фејсбук.

Би можело да ве интересира

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он

Трета жртва од пукањето во Скадар

Албанија формира резервни воени единици

Оружен инцидент во Скадар, има загинати и повредени

Горан Наумовски

Силен земјотрес ја погоди Албанија

(ВИДЕО) Снимка од апсењето на Илир Мета: специјалци го влечеа од автомобил

Катерина Ѓуровски