Рецептот за Кока-Кола се продава на иБеј

Од:

Жител на градот Атланта, во сојузната американска држава Џорџија, тврди дека поседува со копија од тајната форумла за производство на „Кока-Кола“.

Клиф Клуг планира копијата да ја продаде за пет милиони долари на интернет-страницата „иБеј“.
Тој тврди дека форумалата за подготвување на најпопуларниот пијалок во светот, што датира од 1943 година, ја пронашол меѓу стари книги кои неодамна ги купил од стар пазар.

Претставници на компанијата „Кока-Кола“ сепак го отфрлија тврдењето на Клуг, истакнувајќи дека рецептот за газираниот пијалок се наоѓа во музејот на „Кока-Кола“ во Атланта.

Формулата се чува во сеф висок половина метар, што никогаш не се отвара. Посетителите на музејот можат да се доближат на само неколку метри од него.

Формулата за производство на „Кока-Кола“ е измислена во 1886 година од фармацевтот Џон Пембертон.

Би можело да ве интересира

„Ми изгоре устата: Станко се отру со минерална вода во Риека уште во мај

Предраг Петровиќ

Пристигнаа резултатите од анализата на пијалоците од Риека

По неколку случаи на труење, Кока Кола во Хрватска повлече одредени производи од пазарот

Фортенова: Превентивно ги повлекуваме сите пијалоци од Кока-Кола

Изгорено грло, повраќале крв откако испиле флаширани пијалоци во Хрватска – ги има ли и во Македонија?

Две лица примени во болницата во Загреб под сомнеж дека се затруле од газирани пијалоци, пиеле Кока Кола