МВС изврши маневар за избегнување судар во орбитата

Од:

НАСА објави дека Меѓународната вселенска станица (МВС) превентивно извршила маневар за избегнување судар. Тоа се случило синоќа, во миг кога крај неа минало непознато парче вселенски отпад.

Маневарот, што американските и руските астронаути го изведоа, траел 150 секунди. Тоа што доцна го забележале отпадот, принудило еден Американец и двајца Руси да се засолнат во рускиот сектор на станицата, близу руската ракета „Сојуз“. Ниту еден член на екипажот притоа не бил доведен во посериозна опасност.

„Редовните активности во Земјината орбита продолжија“, додава НАСА.

Минатата недела руската вселенска агенција Роскосмос објави дека е забележано истекување на воздух од МВС.

Би можело да ве интересира

Руските космонаути со нов рекорд во вселената

Предраг Петровиќ

Важно откритие на научниците: Пронајден доказ за постоење на вода на Марс, сместена длабоко во кората

Блумберг: Америка тврди дека Русија ќе испрати нуклеарно оружје во вселената оваа година

Не сме сами: се појавуваат докази за живот во вселената

Предраг Петровиќ

Астронаутите инсталираа нови соларни панели на ISS

Ана Ололовска

Најголемата вселенска експлозија: Научниците никогаш не биле сведоци на нешто од вакви размери

Предраг Петровиќ